Почина притвореник во Шутка на кого наводно не му било дозволено да биде хиспитализиран

by irena 15:18
15:18

Министерството за внатрешни работи после објавата на Фејсбук на адвокатот Асмир Алипашиќ потврди дека притвореник во „Шутка“ починал откако побарал лекарска помош.

„На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство“, информираа од МВР.

„Почитувани вечерва почина во притворското одделение на КПУ Затвор Шуто Оризари лице МИРСАД ПУШКА ( Mirsad Pushka) човек кој имаше дијагноза ТУМОР (РАК) корисник на ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА со МОЗОЧЕН УДАР кој патем немаше соодветна здравствена грижа и последните 5 месеци додека беше таму полека но сигурно умираше и страдаше во болки.

За сето тоа никој не обврнуваше внимание иако колегата АДВОКАТ ГОРАН ВАСИЛЕВСКИ правеше и направи се што требаше да укаже дека таков човек мора да биде ХОСПИТАЛИЗИРАН на КЛИНИКА но за жал никој не го сфаќаше сериозно.

Оддговорност мора да има.

Ги повикувам:

– МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ !

– МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА !

– УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ !

– ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО !

да го истражат овој трагичен настан кој заврши со загуба на млад човечки живот !“, напиша Алипашиќ.

Слични вести