479
Во СВР Скопје вчера околу 00.50 часот било пријавено дека во Одделот на арестантско одделение при комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пронајден починат притвореник И.Т.(62).
Како што информираат од МВР притвореникот бил хоспитализиран, а околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.