Почина претседателот на Намибија

by Fokus

Претседателот на Намибија, Хејге Геингоб (82), почина рано утринава во болница во Виндхук, соопшти претседателството, неколку недели откако му беше дијагностициран рак.

Во објавата на платформата на социјалните мрежи Х не беше наведена причината за смртта, но кон крајот на минатиот месец претседателството соопшти дека Геингоб ќе отпатува во САД на лекување откако по редовен медицински преглед му беше дијагностициран рак.

Како премиер во 2014 година, тој и кажа на јавноста дека преживеал рак на простата. Следната година тој стана претседател.

На крајот на годината во таа јужноафриканска земја треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.

Поврзани новости