Почина пејачката Шинед О’Конор

by Fokus

На 56-годишна возраст почина познатата пејачка Шинед О’Конор, пренесува „Дејли мејл“.

Таа е родена во Даблин во декември 1966 година. О’Конор стана една од најпознатите пејачки во земјата.

Нејзината музичка кариера започна на 15-годишна возраст, а по краток период на настапи со бенд во 1980-тите, таа потпиша за „Ensign Records“.

Нејзиниот прв албум „The Lion and the Cobra“ беше објавен во 1987 година.

Ирската пејачка за време на нејзината богата кариера објави 10 студиски албуми.

Нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“ на Принс во 1990 беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди.

Следната година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“.

Во кариерата, О’Конор беше отворена за нејзиното духовно патување, активизам, политички ставови, како и за нејзините борби со менталното здравје. Го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година, откако се одлучи да премине во ислам.

Поврзани новости