Владимир Блажев – Панчо, член на дуото ДНК почина утрово во 10 часот, по долго лекување во приватната болница „Систина“.
Панчо извесно време бил во кома, а според непотврдените информации, за неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри.
Панчо имаше тешки изгореници на лицето и на рацете.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава загинаа 62 лица. Над 200 беа повредени.
Панчо е деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Тој е 63 жртва на страотниот пожар.
Во пожарот во „Пулс“ животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо.