Почина новинарот Крешник Ајдини

by Fokus

На 55 годишна возраст почина новинарот, преведувач, културен работник и активист за граѓанското општество Крешник Ајдини.

Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Ајдини е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.

Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

Крешник Ајдини почина вчера, на 16 јуни, кога наполни 55 години. Погребот ќе се одржи денеска  во Дебар, во 13 часот. Бројни пријатели на Крешник на социјалните мрежи изразија сочувство и тага за загубата на големиот човек.

Поврзани новости