Дваесет и едно годишниот Никола Саздовски кој на 29-ти минатиот месец беше претепан во Автокоманда, им подлегнал на повредите. Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи. Никола беше навивач на Вардар.
Според полицијата Никола беше нападнат од три непознати машки лица на 29-ти јуни околу 17.30 часот. Тој стоел на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ кога тројцата напаѓачи излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“ и го нападнале.
„По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, стоеше тогаш во полицискиот билтен.
Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.
Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.
Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ.