1.1K
По кратко боледување, во Скопје на 86-годишна возраст почина познатиот македонски бизнисмен Нико Палигора.
Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој оставил силен белег во период на обновување на Битола.
Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 година до 1984 година беше претставник на компанијата во Лондон, а од 1984 година до 1989 година во Москва.
По пензионирањето започна сопствен бизнис што прерасна во семеен којуспешно го водеше до неговата смрт.
Погребот на Нико Палигора е закажан за утре (1 август) на градските гробишта Бутел во 09:30 часот.