466
22-годишното момче кое се бореше за живот по сообраќајната несереќа во која учествуваше Дејан Митровски – Урко, починало утрово во 7.30 часот, јави МЕТА. Момчето пет дена беше приклучено на апарати.
Сообраќајната несреќа се случи кај Рампа во Кисела Вода, кога автобилот на Митровски се судри во мотоциклистот. Според првичните информации, Митровски направил прекршок, поминувајќи две полни ленти во моментот кога го удрил мотоциклистот.
Дејан Митровски – Урко е вработен во Шестата управа на МВР и поранешен шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од таа позиција беше суспендиран без образложение.