Маж на 56-годишна возраст е првото починато Ковид-19 позитивно лице од Неготино. Покрај вирусот, пациентот имал и други здравствени проблеми, поради кои беше хоспитализиран на скопските клиники уште на 24-мај.
-Пациентот беше хоспитализиран поради претрпен мозочен удар, во сериозна состојба. На шести јуни, додека беше на клиника, му беше земен брис, а резултатот беше позитивен.
За време на лекувањето му се направени повеќе контролни тестови, но и покрај тоа што помина подолго време, односно цел месец, резултатите беа позитивни.
Вчера, позитивен на вирусот, но во подобра состојба бил пуштен на домашно лекување во Неготино. Утринава дошло до нагло влошување на состојбата, по што лицето почина – информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Вики Клинчарова