По тешко боледување вечерва на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ.
Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас и уште многу други. Таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.
Марина е родена на 4 ноември 1953 година, во Белград. Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, а сите тие ги живееше со поддршка и љубов на сопругот Александар Фута Радуловиќ.
На почетокот на 2018 година, и беше дијагностициран малиген тумор на дојката, по што наскоро била оперирана, но не успеа да крај да ја победи болеста.
Радуловиќ за спрските медиуми ја потврди веста за нејзината смрт.
– Вистината е. Не ме прашувај ништо. Ви благодарам за разбирањето – изјавил Радуловиќ
По некои охрабрувачки вести во последно време, дека нејзината здравствена состојба се подобрува, следеше најтажната – Марина не успеа да се справи со болеста.