Почина Колин Пауел од компликации од коронавирусот

by fokus

Колин Пауел, првиот афро-американски државен секретар на САД, почина денеска на 84-годишна возраст од последиците на заразата со коронавирус.

„Генералот Колин Л. Пауел, поранешен државен секретар на САД, почина утрово поради компликации предизвикани од коронавирусот“, соопшти неговото семејство.

„Изгубивме извонреден сопруг, татко, дедо и голем Американец“, напишаа неговите најблиски, нагласувајќи дека Пауел беше целосно вакциниран против коронавирусот.

Колин Пауел беше угледен и импресивен „професионален војник“, кого кариреата го водеше од војната во Виетнам до првиот афро-американски советник за национална безбедност.

Неговата национална популарност нагло порасна по победата на коалицијата предводена од САД за време на војната во Заливот, и едновремено, во средината на 1990-тите години, се сметаше за водечки кандидат за прв црн претседател на САД.

Поврзани новости