Рим го одбра својот градоначалник, левицата ја победи десницата

by fokus

Римјани го избраа поранешниот министер за економија Роберто Галтиери за нов градоначалник, како кандидат на левицата кој го победи својот десничарски ривал Енрико Микети, обвинет за антисемитизам, покажуваат излезните анкети објавени денеска по затворањето на избирачките места.

Во вториот круг од локалните избори, Роберто Галтиери освои 59 проценти од гласовите, наспроти 41 процент за Микети, покажува излезната анкета на Институтот Опинио, пренесе РАИ.

Галтиери (55) треба да ја наследи Вирџинија Раџа, од антисистемската партија „Движење пет ѕвезди“, првата жена избрана да раководи со италијанската престолнина, која беше елиминирана во првиот круг на локалните избори.

Овој резултат е нов удар за коалицијата на десницата и екстремната десница, која ги собира Форца Италија на Силвио Берлускони, Лига на Матео Салвини и Фратели д’Италија на Џорџо Мелони.

Во првио круг од изборите, што се одржа пред две недели, десницата и екстремната десница веќе ги загубија клучните градови Милано, Неапол и Болоња. Левицата ќе победи и во Торино, главниот град на северозападниот регион Пиемонт.

Поврзани новости