9
Ноќеска, на 54 години, почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој беше осуден на 12-години затвор. Тажната вест за „Фокус“ ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, кој вели дека на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка.
-За жал информацијата е точна. Му се слошало на роденденот на неговата ќерка по што починал. Тој беше на судски прекин на казната, ни изјави директорот Пандов.
Југ бараше повторно судење за „27 април“ со тврдење дека не го загрозил уставниот поредок на Македонија, ниту сторил терористичко загрозување.
В.В.