На 64-годишна возраст денеска почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме.
Познатиот Германец почина ноќта меѓу понеделникот и вторникот во Минхен, а „Билд“ како причина наведува срцев удар.
Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме своевремено беше еден од најдобрите светски дефанзивци, а во 1990 година стана светски шампион со германската репрезентација.
Во текот на неговата успешна кариера, Бремен играше за Кајзерслаутерн, Баерн и Интер, но најдобро е запаметен како стрелец на победничкиот гол од пенал за германската репрезентација против Аргентина во финалето на Светското првенство во Италија во 1990 година.
За германската репрезентација одигра 86 натпревари и постигна осум гола.
Но, откако ја заврши фудбалската кариера и почна да се занимава со тренерска работа, почнаа проблемите за него.
Пред десет години прогласил стечај бидејќи не можел да си ги плати долговите, по што почнал да работи во фирма која чисти тоалети.
Не избрал начин да ги добие парите кои очајно му биле потребни, за да го врати долгот од 250.000 евра.