873
Почина Ева Крстаноска, девојчето од Пештани за кого не се собраа пари за лекување.
Малата Ева веќе една година се бореше со многу редок вид на леукемија. Во еден момент состојбата и беше влошена поради што беше неопходно веднаш да замине на операција во Германија.
Фондот за здравство покрива дел од износот, остатокот треба да го обезбеди семејството, за што се бараше и собраше помош. Но, за жал не се собраа пари.
На социјалните мрежи, гневни родители остро ги нападнаа институциите поради негрижата за овие деца.