686
Најтиражниот аргентинскиот весник Кларин тврди исто како и весникот Оле дека – починал легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Според нив, тој починал утрово во неговиот дом во градот Тигре по срцев удар.
Марадона (60) се опоравуваше од операцијата за субдурално церебрално крварење.
Иако операцијата била успешна, според докторот што го лекувал, за време на престојот во болницата поранешниот фудбалер имал проблеми со воздржаност од алкохол. Првично беше примен на клиниката со симптоми на депресија, анемија и дехидратација.