Полицајци упаднале на семејна веселба во гостиварско

by fokus 17:47
17:47

Полицајци денеска упаднале на семејна веселба во гостиварското село Неготино.

-Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 16:00 часот го лишиле од слобода А.Д.(30) од Неготино, гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица, велат од МВР.

- Advertisements -

Како што соопшти МВР, тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости