Почина бремена жена, бебето спасено

by fokus

Дваесет и тригодишна бремена жена вчера починала во Гинекологија „Чаир“, и тоа набрзо откако била донесена поради влошена здравствена состојба, информират од МВР. Жената била во осмиот месец од бременоста, а лекарите успеале да го спасат бебето.

-Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот во Гинекологија „Чаир“ сo влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец. Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Поврзани новости