Предложен 31 октомври како можен датум за локалните избори

by fokus

Можен датум за локалните избори е 31 октомври. Овој предлог денеска го соопшти премиерот Зоран Заев. Тој појасни дека овој датум е во игра за да кампањата не се поклопи со пописот кој треба да се одржи во септември.

„Предлогот доминантно од партиите – треба да се изјаснат сите, но доминантно е 31 октомври да биде и тоа ќе биде вградено во изборниот законик. Се надевам дека ќе постигнеме консензус со опозицијата, важно е таа да потврди дека е среќна со тој датум, изјави Заев.

Од Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак не се среќни со посочениот датум.

-Тоа што Заев денес изнесува датум за одржување на изборите без претходна консултација со останатите политички партии уште еднаш го потврдува фактот дека Заев стравува од одржување на локалните избори, стравува од судот на народот и бара начин истите да ги одложи. Ако неговиот аргумент е одржувањето на пописот, тогаш Заев може да го одложи пописот за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот, оцени Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости