963
Починато бебе вчера било однесено во болницата во Кичево, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, мајката на бебето, дваесет и двегодишната А.К. од кичевското село Лешница вчера го однесла бебето во Јавна здравствена установа во Кичево за укажување на лекарска помош, но лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Од болницата случајот го пријавиле во полиција, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Кичево.