1K
Вечерва на 73-годишна возраст почина еден од најхаризматичните ликови во македонскиот фудбал, Александар Забрчанец – Ацуле.
Тој беше најуспешен претседател на фудбалскиот клуб Победа и омилен помеѓу фудбалерите и навивачите во Прилеп, но и Македонија.
Со Ацуле како претседател, прилепскиот тим двапати беше шампион и двапати вицешампион на Македонија. Исто така го освои Купот на Македонија во сезоната 2001/02. Под негово водство Победа првпат заигра во фудбалска Европа.