Макрон: Драг Зоран, со Ципрас изработивте историски договор

by Fokus

Францускиот претседател, Емануел Макрон изрази задоволството што го пречекува премиерот Заев првпат во Париз, со кој потоа имаа работна вечера, на која како што рече шефот на француската држава ќе се разменат мислења за содржајни прашања, како билатералните односи, европската перспектива на Северна Македонија, правната држава, реформите и ситуацијата во регионот на Западен Балкан и улогата која Франција ќе ја игра.

Макрон, притоа потсети дека двете земји одржуваат доверливи односи на соработка од независноста на Северна Македонија, потсетувајќи дека Франција придонесе во мировното решение на меѓуетничкиот конфликт во земјата што доведе до Охридскиот договор, од кој годинава ќе одбележиме дваесетгодишнина.

– Од тогаш, ќе го кажам тоа со големо признание и воодушевување, патот на Македонија беше извонреден. Денес ве примам како сојузник во Париз неколку дена пред Самитот на НАТО. Со полна поддршка на Франција, вашата земја станата членка на Алијансата, откако стави крај на разликите со Грција. Договорот од Преспа кој вие го изработивте, драг Зоран заедно со Алексис Ципрас заслужува да се нарече историски. Вие покажавте голема политичка храброст за да успеете и да го убедите вашиот народ. Сакам да потсетам овде дека ништо не беше напишано однапред, вие го изградивте и носевте со Алексис Ципрас и го зацврстивте, нагласи Макрон.

Поврзани новости