Почина американскиот водител Лари Кинг

by fokus

Легендарниот американски водител Лари Кинг почина денеска на 87 годишна возраст. Во официјалното соопштение од неговата продукциска куќа не се наведува причината за смртта.

-Шеесет и три години на радио, телевизија и дигиталните медиуми, илјадниците награди на Лари за неговите интервјуа и признанијата во светски размери сведочат за неговиот оригинален и непобитен талент како телевизиска фигура. Лари секогаш гледше на своите соговорници во интервјуата како на вистински ѕвезди во своите шоу програми, се вели во соопштението.

Кинг на почетокот на месецов беше хоспитализиран поради ковид-19. Тој имаше неколку здравствени проблеми и преживеа неколку срцеви удари. Во 2017 година му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Поврзани новости