Приведени 50 странски градежни работници на градилиштето зад Рамстор

by fokus

Полицијата од регионалниот центар за гранични работи Север приведе 50 странски градежни работници на градилиштето зад „Рамстор мол“, кои работеле подолг период таму, без документи.

Полицијата спроведе контрола на градежни објекти на странска фирма, меѓу булевар Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков, поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, одговорија од МВР за СДК.

Поврзани новости