352
83-годишен скопјанец со иницијали Р.З. починал синоќа на Клинички центар откако бил прегазен на улицата „Македонско Косовска бригада“.
„На 27.09.2018 година во 11,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Македонско Косовска бригада“ патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.М.(63) од Скопје удрило во пешак Р.З.(83) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде во 13,30 часот од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид на местото на настанот“, соопштија од полицијата.