59
МВР информира дека рано утринава во 02.16 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат А.Т.(39) од Скопје.
Според пријавеното, тој претходно седел со неговиот колега Т.М.(54) од Скопје на подрачје на Лисиче и му се слошило, по што побарал од колегата да го однесе дома.
Како што е пријавено, Т.М. застанал на пункт на Итна медицинска помош, од каде бил упатен кон Градската општа болница „8 Септември“, но на пат кон болницата А.Т. починал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.