30-годишниот Б.В. од Кочани почина синоќа во сообраќајка која се случила во 15.50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“. Починатиот управувал со автмобил марка „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, кога се судрил со камион марка „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Р.Бугарија.
Поради тешките телесни повреди со кои се здобил 30-годишникот, бил пренесен со возило на Итна медицинска помош во Општата болница во Кочани. Од таму како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Во 20,50 часот им подлегнал на повредите.
Од полицијата велат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот бил во прекин.
Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.