(Бомба на Титаник 2)Мијалков до Тачи: Хитна ургенција, да гласате за нашиот приговор за Струмица!

by fokus

Две  бомби денеска оддекнаа на судењето за случајот Титаник 2, во кој меѓу обвинетите се и Сашо Мијалков и Мендух Тачи, за изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Првата бомба, која веќе беше објавена во јавноста, открива разгово меѓу Мијалков и Тачи. Тогашниот директор на УБК му се јавува на лидерот на ДПА, Тачи и бара услуга од него, односно бара ургенција за гласање на седница на ДИК.

-Ало, хитна ургенција, му вели Мијалков на Тачи, па продолжува: “Можете ли да гласате за нас за да се усвои приговорот за Струмица, му вели Мијалков.

Тачи, како од пушка, одговара: Може, одма!

Потоа следува втор разговор меѓу Тачи и Бедредин Ибраими, во кој Тачи му вели: “Сега ја имате Струмица, ќе гласате за да се поништи, зошто сме договорени за Чаир”.

Бидејќи втората бомба беше објавена на албански јазик, судски преведувач прочита превод на македонски јазик, по што реагираше Тачи дека преводот не бил добар.

По бомбите, во судница се слуша снимка од оддржана седница на ДИК, на која се усвојува приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по што следуваше прегласување во Струмица.

Во овој случа покрај Мијалков и Тачи обвинети се и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Поврзани новости