Почина 21 годишно момче во затворот во Идризово

by fokus

Во затворот во Идризово вчера починал осуденик од Скопје.

МВР информира дека, вчера околу 22,20 часот преку телефонски повик во полицијата  од страна на командирот на смена во Казнениот поправен центар Идризово, било пријавено дека во 20 часот, осудениците кои биле заедно во собата со А.Р.(21) од Скопје, го затекнале во бесознание.

Со возило на Итна медицинска помош момчето е однесено во Клиничкиот центар на Клиниката за токсикологија, каде е констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Поврзани новости