СЈО: Од медиумите дознавме за притворот на Сеад Кочан

by fokus

Специјалното јавно обвинителство поради тоа што во дел од медиумите се појавиле неточни толкувања на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето на притвор на еден од осомничените лица во случајот „Труст”, појаснува:

„За фактот дека е донесена одлука по жалбата на ова Јавно обвинителство и дека е изречена мерка притвор против осомничено лице во случајот “Труст” дознавме од медиумите. Во насока на проверка на информациите дали навистина е донесена судска одлука ја контактиравме судијата која претседаваше со Кривичниот совет и која не извести единствено дека е донесена одлука по жалбата и дека одлуката ќе ни биде дополнително доставена“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости