Почина 14-годишно дете поради компликации од грип

by fokus
Грипот однесе уште една жртва, овој пат 14 годишно детенце кое починало на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Од таму соопштуваат дека детето боледувало од церебрална парализа
„Информираме дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете. Детето претходно боледувало и од церебрална парализа. Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип“, соопштија од Министерство за здравство.
Инаку, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.

Поврзани новости