203
Александар Георгиевски, досегашниот градоначалник на Илинден, однесе убедлива победа од 10:1.
-Победа од 10 наспрема 1. Над 6400 гласови, наспроти 650 за Жика Стојановски (СДС) и 525 за кандидатот на Левица!
Вашата доверба која што ми ја доделивте денес е потврда за сработеното изминатите 4 години, но дадена поддршка за визијата и програмата која што ја понудив пред Вас.
Поддршка да продолжиме да го градиме Илинден каков што сите ние го посакуваме – Чист модерен и достоинствен!, напиша кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук.