779
Попладнево,дваесетина минути по последниот потрес, голем одрон од околу 200 кубни метри камен се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово, поради што сообраќајот е во прекин.
Според досегашните информации, во моментот на паѓањето на одронот немало возила ниту пешаци.
Локалната власт веќе обезбеди потребна механизација и заедно со екипи на дебарската секција на „Македонија пат“ треба да почне расчистувањето на одронот.
Поголем број граѓани кои се жители на селата од долнореканскот регион како и од Жупа кои прсотојувале во Дебар или работат во градот, поради одронот делот од овој пат го минуваа пеш.
Веќе се содзаде поголема колона на возила.