679
Центарот за социјални работи , односно специјализираниот тим уште во текот на ноќта бил известен за случајот со децата кои беа оставени заклучени во автомобил, објави ТВ 21.
Сепак, поради здравствената состојба, односно фактот што биле хоспитализирани децата, во текот на денот е извршен разговор со нив, но и со нивните родители. По извршениот разговор со родителите, како времено решение е донесена одлука децата да бидат сместени згрижувачко семејство.
По завршувањето на целата постапка за расветлување на случајот, ќе биде донесена конечна одлука дали децата да се вратат на родителите, или да им бидат одземени, велат од Центарот за социјални работи.