Пред два дена, водачот на Вагнер, Пригожин се закани дека поради недостиг на муниција, на 10 мај ќе ги повлече своите војници од Бахмут поради недостаток од муниција. Сега, како што тврди, од Кремљ добил позитивен одговор дека ќе добие „колку што му треба“ муниција и оружје за да продолжи со нападот врз Бахмут, објави „Гардијан“.
Се чини дека Пригожин се сврте против Путин во серија видеа објавени на Телеграм во четвртокот, обвинувајќи го военото раководство дека не му испраќа муниција и залихи, со што ја осудува неговата приватна армија на смрт на бојното поле во Украина.
Пригожин ја спореди тековната битка за Бахмут со „мелница за месо“ и најави дека неговите луѓе ќе се повлечат од најдолгата и најкрвавата битка во инвазијата на Украина, бидејќи „не остана ништо со што би се мелело месото“. Тој признал дека неговите луѓе брзо умирале поради недостиг на муниција, пишува „Инсајдер“.
Пригожин објави видео на кое се гледа како стои среде поле со пченица, опкружен со десетици тела и ги обвинува највисоките воени претставници на Русија за загубите што ги претрпеле неговите борци во Украина.