Популарниот српски пејач Ацо Пејовиќ, во втор пат оваа година ќе одржи солистички концерт во Арена Борис Трајковски во Скопје.
Тој веќе одржа концерт оваа пролет, кога ја наполни арената, а сега е најавен следниот голем настан на 24-ти декември.
Влезниците се пуштени во продажба, и нивната цена до први октомври изнесуваше 600 денари, а сега пак се продаваат по 700 денари.
Кога се македонските музичари во прашање, ретко кој може да се пофали со два концерти за една година во арената.
Сепак, на Пејовиќ кој е присутен на естрадата со децении, популарноста нагло му се зголеми кога ги отпеа хитовите на легендарниот Тома Здравковиќ во играниот филм ,,Тома”, па неговите концерти во регионот се распродаваат за кратко време.
Како потсетување, за време на неговиот прв концерт во Борис Трајковски, салата беше преполна со негови обожаватели, а еден месец пред концертот дојде да се дружи со македонската публика во трговски центар во Скопје.
Тогаш огромен број на фанови го чекаа цели два часа, а потоа за да добијат гратис билет за концертот, правеа склекови и ги пееа неговите песни.
Вики Клинчарова