По вчерашното контроверзно разрешување на Дамева, денеска нова седница на Судскиот совет

by Фокус

По вчерашното спорно и контроверзно разрешување на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, заменикот-претседател Селим Адеми за денеска во 11 часот закажал итна седница, со дневен ред за избор на претседател на Судскиот совет.

Вчера, на предлог на Адеми, поддржан од Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и на Павлина Црвенковска, на расправа за наводни нарушени меѓучовечки односи беше разрешена Дамева.

Нокаут за веќе паднатото судство, поголема банда од судиите-членови на Судски совет нема – ова беа дел од реакциите на стручната јавност откако седум членови на Судскиот совет на чело со потпретседателот Адеми ја разрешија претседателката Дамева.

Разрешувањето на Дамева – Нокаут на веќе паднатото судство, претседателка на Судски разрешена како претседател на куќен совет

Поврзани новости