452
Новинарот Драган Павловиќ-Латас по три одложени рочишта поради неговото неприсуство, денеска се појави во кривичниот суд, каде треба да продолжи судењето за „Тотал“.
На претходните три рочишта Павловиќ-Латас не присуствуваше поради здравствени и семејни причини.
Според обвинението на СЈО, обвинетиот новинар давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.