Зорица Заева, сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев, повторно му се врати на својот заштитен знак, по кој беше препознатлива во јавност – кармин во силна црвена боја и темна боја на коса.
На социјалните мрежи се објавија нејзини нови фотографии од приватен настан, на кои Заева позира одлично стилизирана, а имиџот на бринета го оставила зад себе и се вратила на црната боја на коса и црвениот кармин, на кои им беше верна со децении.
Овој стил зрачи со женственост и самодоверба, и важи за класика во модниот свет.
Во бракот со поранешниот премиер Заев ги имаат ќерката Александра и синот Душко кои се веќе полнолетни, а нивната љубов трае речиси три децении.
Додека тој беше на функција, таа често го придружуваше на јавни настани, каде секогаш внимателно го ускладуваше својот моден стил според настанот на кој треба да се појави.
Елегантна, без пренагласени модни детали, таа секогаш се одлучуваше за креации во согласност со нејзиниот карактер, споени со официјалниот изглед. На настаните редовно ги промовираше креациите на домашните дизајнери.
Пред околу пет години Заева имаше соработка со познатиот стилист Александар Дадар, кој тогаш за ,,Фокус” раскажа дека соработката со неа била лесна, бидејќи била убава жена која знаела што сака.
-Природата била доста дарежлива со убавина кон неа, и за неа користев убава и јасна шминка. Таа сака да експериментира со модата, а работата со неа оди лесно, бидејќи точно знае што сака – раскажа тогаш стилистот.
Тоа што по околу три години како бринета, Зорица повторно му се врати на својот препознатлив имиџ, на социјалните мрежи беше дочекано со комплименти.
Вики Клинчарова