ДУИ на состанок, ќе ја анализираат средбата Ковачевски-Мицкоски

by Fokus

Демократската унија за интеграција попладнево во партиското седиште започна состанок на раководството.

Според партискиот портпарол Бујар Османи, состанокот е поради новите политичките случувања и ќе се анализира средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, што се одржа во средата.

„Состанокот е поради последниот развој, по средбата на претседателите на ВМРО и СДСМ, позициите на ДУИ, барањата на ВМРО за едноетничка влада. Прво ќе разговараме, па ќе дадеме одговор. За нас е важен патот кон ЕУ, европската иднина на граѓаните, мислам попрецизни податоци ќе имаме по состанокот“, изјави Османи.

Поврзани новости