По три дена од почетокот на изборната кампања за претстојните локални избори до Антикорупциската комисија пристигнале 21 пријава за евентуални злоупотреби на Изборниот законик и прекршување на изборните правила. Девет од пријавите се за општини, шест пријави се за незаконско постапување на одговорни лица во училиштата и пет пријави за можни злоупотреби во државни институции. Една од пријавите е и за предвремениот старт на изборната кампања, пред официјалниот почеток.
Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска потсети уште еднаш на изборните правила, кои сите треба да ги почитуваат. Не смее да има вонредна исплата на плати, пензии и социјална помош, вработувања и отпуштања во администрацијата. Дополнително не смее да има заплашувања на вработени во јавната служба, а Ивановска посочи дека во 20 – те дена изборна кампања па се до завршување на изборите не смее да ги има следниве настани на кои политичарите имаат желба да присуствуваат.