По трет пат ќе се организира Недела на гордоста

by Фокус

Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, информира дека трета годнина по ред ја организира Неделата на гордоста. Почнувајќи од денес па се до сабота, Неделата на гордоста вклучува серија на настани, дебати, пртестни обраќања, предавања и проекции на филмови на повеќе локации.

„Целта на Неделата на гордоста е да го покрене вниманието на општата  јавност кон континуираното прекршување на човековите права на ЛГБТИ заедницата, дискриминацијата, молкот од институциите, потребата од солидарност и поддршка. Поради тоа, повеќето од организациите членки на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија дадоа поддршка во движењето „Граѓаните за Македонија“, искажувајќи го својот револт кон моменталната власт“, истакнуваат организаторите.

Тие додаваат дека во рамки на Неделата на гордоста, повторно, со протестно обраќање ќе ја потсетат Владата дека треба да си оди, меѓудругото и поради континуираното прекршување на правата на ЛГБТИ заедницата.

„Ќе го потсетиме и Основното јавно обвинителство, во петок, за постојаните напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка и нападите на активисти, чии сторители никогаш не ги пронајде. За крај во сабота часот, ќе ја потсетиме и Македонската радио-телевизија за шовинистичката и хомофобичната пропаганда која континуирано ја шири и за неизвестувањето за прекршувањата на правата на ЛГБТИ заедницата„, велат организаторите.

Поврзани новости