„Хјуман рајтс воч“: Полицијата употребила прекумерена сила на протестот на 5 мај

by Фокус

Во најновиот извештај на „Хјуман рајтс воч“ за полициската бруталност на протестите на 5 мај кои се случија во Скопје, констатирано е дека полицијата употребила прекумерна сила за време на протестот.

Организацијата нагласува дека властите во Скопје треба да започнат истрага и да покренат обвиненија поради употребата на прекумерна сила од припадниците на безбедноста кои го сториле тоа.

Во однос на казните кои им се одредени на осудените, се смета дека се преголеми со оглед на делото за кое биле судени, а во однос на паричниот дел тие биле поголеми од самата просечна плата во Македонија.

Поврзани новости