705
Автопатот Градско – Велес е пуштен за сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Автопатот речиси четири часа беше затворен поради сообраќајна незгода, а сообраќајот се одвиваше по регионалниот пат Градско-Велес.
Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.
Според првичната информација од СВР Велес, моторциклистот веднаш им подлегнал на повредите, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утрвдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.