По страшна сообраќајка во Борча, таткото на НБА кошаркарот Предраг Стојаковиќ заврши во притвор

by Fokus

М.С., таткото на екс НБА кошаркарот Предраг Пеѓа Стојаковиќ доби 48 часа притвор по страотната несреќа во Борча. во која починал М.М.(60).

Тој е приведен по наредба на Основното јавно обвинителство во Белград.

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Зрењанин, кај населбата Себеш, кај Борча.

Како што дознаваат српските медиуми, во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното излетало во кафуле во близината!

Еден од учесниците е таткото на екс кошаркарот чиј автомобил се судрил со друго возило. Таткото на кошаркарот бил во шок по тешката сообраќајна несреќа во која починал М.М. кој бил пренесен во болница. каде му била укажана лекарска помош.

Како што дознава Курир, Стојаковиќ околу 18 часот и 30 минути отишол кај болен роднина. Потоа се упатил кон Борча, но по околу еден километар доживеал тешка сообраќајна несреќа.

Таткото на познатиот кошаркар наводно не го пропуштил возилото од десната страна на раскрсницата, пишува Телеграф.

Поврзани новости