По состанокот на Алијанса за Албанците во Куманово на кој присуствуваше претседателот на партијата, Арбен Таравари и на кој со декларација беше потврдена коалицијата со албанскиот опозициски блок, за денеска во Скопје е закажан состанок свикан од претседателот на Централното собрание на партијата Зијадин Села.
Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.
Села вчера во изјава за медиумите рече дека на состанокот е поканет и Таравари, а негово е дали ќе дојде или не.
-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана.
Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде таму, рече Села.