По синоќешната акција на полицијата во Скопје, затворени се 13 угостителски објекти каде што не биле почитувани законските прописи во поглед на работното време, точење алхохол на малолетни места и неиздавање на фискални сметки, информираа од МВР.
– Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти. Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници. Двајца од нив за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет – информираа од МВР.
Од страна на СВР Скопје беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани се вкупно 272 возачи и притоа кај 102 возачи е утврдено присуство на алкохол. Констатирани се и 49 други прекршоци за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози.