По шест месеци од договорот, „Бехтел и Енка“ денеска ќе почнат со градежни активности на Коридорот 8

by Fokus

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска ќе има свое обраќање по кое со минирање во близина на селото Горна Бањица, на потегот меѓу Гостивар и Кичево ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на Коридорот 8 кој ќе го гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ врз основа на договор кој македонската влада го попиша пред шест месеци и со кој се предвидува изградба на автопатска делница на потегот Гостивар – Букојчани. Предвидено е да се се работи и на делниците Требеништа – Ќафасан и Тетово – Гостивар.

Неофицијално, како подизведувачи се јавуваат компаниите „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ како дел од најавените домашни компании на кои изведувачот им го има доверено извршувањето на дел од работите.

Тетовската компанија „Ак инвест“ има сериозно портфолио со голем број проекти.

„Еуровиа“ е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ.

Битолската фирма „Стентон градба“ е една од најзвучните во градот под Пелистер, во последните 12 месеци има добиено 21 тендер.

Поврзани новости