По шест години од настапот на Евровизија, Јана Бурческа сними нова песна

by fokus

Шест години по учеството на Евровизија, младата поп пејачка Јана Бурческа ја сними новата песна “Home alone”.
Како автори на музиката се потпишуваат Драги Иванов и пејачката, која исто така го напиша текстот за песната.

Звукот на “Home alone” е финиширан со мастеринг од германскиот платинест инженер на звук Рој Реклиз.

-Песната доби и видео спот режиран и реализиран од Ѓорги Вацев и како што вели Бурческа ,,збир на млади ентузијасти и креативци” како дизајнерот Митко Занов, мејкап артистката Ивана Деловска, стилистот Елена Николовска – Social Hair Salon, фотографите Лазар Зафировски и Петар Петковски, а свој автентичен придонес во креативата имаа и Елена Василева, Ангела Димитрова и Димитар Бабков.

Видео спотот за ..Home Alone” беше промовиран во највпечатливиот простор наменет за аудиофилите во Скопје и земјата – Аудиокултура.

Движечка сила зад проектот е реномираната компанија Gulf Macedonia, како Smart Living и KARE Macedonia кои дадоа исклучително значајна поддршка во контекст на сценографијата за видеото-информира тимот на Бурческа.

Таа пак порача дека конечно се чувствува подготвено да и се врати на музиката, а до следниот проект останувала посветена на поддршката и промоцијата на своите колеги од сцената преку програмата на Македонската Телевизија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости